Започна продажбата на билетите за еден од најклучните натпревари на Еурофарм Пелистер во годинешната Лига на шампиони.
Екипата на Еурофарм Пелистер натпреварот со Динамо Букурешт ќе го одигра на 20 февруари во четврток со почеток од 20:45 часот во салата “Боро Чурлевски”, во Битола.
Билетите за натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Динамо Букурешт се по цени од 450 денари и 550 денари.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷