Екипата на Драчево, која има високи амбиции во Првата лига се засили со уште тројца нови ракометари.
Станува збор за ракометарите Стефан Крстески десно крило, Наум Симјановски голман и Аритон Тодосов лево крило.
Стефан Крстески има настапувано за Јуниор Кисела Вода и Металург РА, Наум Симјановски има за екипите на Бутел Скопје и Шампион, додека Аритон Тодосов доаѓа од КЛ7 Свети Николе.

(фото – Рк Драчево)📷