На натпреварот против екипата на Рк Прилеп, гостинка беше младата ракометарка Андријана Митровска, која со својата креативност и талент за цртање, успеа на најубав можен начин да ја изрази својата приврзаност кон клубот, а тоа е нешто кое Рк Вардар секогаш знае да го цени.
Покрај силната желба да настапува за Вардар, таа изрази и желба на сликите со мотиви посветени на клубот, да бидат потпишани ракометарите на клубот, а истата со задоволство и беше остварена. Покрај тоа, таа уживаше и во кратка дружба со тимот пред почетокот на натпреварот.
“РК Вардар како најуспешен македонски ракометен клуб, од секогаш претставувал магнет, особено за најмладите за кои во наредниот период подготвуваме големо изненадување, а кое наскоро ќе го претставиме пред јавноста. Креативноста и желбата на Андријана, нека бидат поттик за сите млади, да се вклучат и да бидат дел од тоа кое наскоро го подготвуваме”, – објавија од Рк Вардар 1961.

(фото – Рк Вардар 1961)📷