Во Општина Битола во салата на Народниот театар на овој град се оддржа “Избор за најдобри спортисти на Битола”, кој беше организиран од Сојузот на спортови во Битола.
Филип Кузмановски е најдобар спортист на Битола за 2024 година. Рк Еурофарм Пелистер е најдобар тим за 2024 година во Битола.
Младинците на Еурофарм Пелистер се најдобар младински тим во Битола за 2024 година. Самоил Ристевски најдобар и најталентиран млад спортист на Битола за 2024 година.
Марко Димовски и Иван Младенов најдобри млади спортисти на Битола за 2024 година. Еурофарм Пелистер му додели дрес и плакета на легендарниот тренер Анте Костелиќ, кој доби награда за животно дело.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷