Екипата на Чаир славеше на гостувањето кај екипата на Вардар со резултат 35-33 во натпревар од плеј-офот од Женската Супер лига.
Тимот на Чаир во текот на целиот натпревар го имаше водството против Вардар, па на крај да се радува на победа.
Најефикасна во редовите на Чаир беше Стефанија Ѓорѓиевска со десет гола, додека кај Вардар најефикасна беше Леона Миленковска со 11 гола.
(фото – ЖРК Чаир)📷