Ракометарите на Тиквеш забележаа победа на домашен терен против екипата на Прилеп со резултат 30-24 во Супер лигата.
Иако тимот на Прилеп добро парираше во првото полувреме, сепак Тиквеш успеа да го надигра противникот.
Најефикасен во редовите на Тиквеш беше Игор Кривокапиќ со осум гола, додека кај Прилеп најефикасен беше Денис Шабановиќ со седум гола.
(фото – ГРК Тиквеш 2014)📷