Екипата на Ѓорче Петров забележа победа на гостувањето кај екипата на Чаир со конечни 32-30 во плеј-офот од Женската Супер лига.
Составот на Ѓорче Петров во текот на целиот натпревар имаше контрола на резултат, за на крај да стигне до победа против Чаир.
Најефикасна во редовите на Ѓорче Петров беше Ивана Дежиќ со 17 голови, додека кај Чаир најефикасна беше Теодора Гулицсока со 12 голови.
(фото – ЖРК Ѓорче Петров)📷