Ракометарите на Младост Богданци забележаа победа против ракометарите на Скопје 2020 со резултат 32-21 во Првата лига.
Тимот на Младост Богданци во текот на целиот натпревар беше во водство, па обезбеди сигурна победа против Скопје 2020.
Најефикасни во редовите на Младост Богданци беа Стојан Наумовски, Борјан Цековски и Димитар Пеев со по пет гола, додека кај Скопје 2020 најефикасен беше Тома Симоновски со четири гола.
(фото – Рк Младост 1977 Богданци)📷