Ракометарите на Еурофарм Пелистер забележаа висока победа против ракометарите на Алкалоид со високи 33-20 во натпревар од Супер лигата.
Тимот на Еурофарм Пелистер во текот на целиот натпревар доминираше на теренот, па така заслужено победи против Алкалоид.
Најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер беше Филип Кузмановски со 11 погодоци, додека кај Алкалоид најефикасен беше Мартин Серафимов со 8 погодоци.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷