Павле Атанасијевиќ: Доаѓа Фуксе Берлин и пак ќе бидеме на висината на задачата

По двете домашни победи, ракометарите на Еурофарм Пелистер добија слободен ден, а стручниот штаб веднаш започна со подготовка на следниот натпревар, гостувањето во Берлин од ЕХФ Лигата на шампиони.

Пред заминувањето за Германија и натпреварот против Фуксе Берлин пред новинарите зборуваше бекот Павле Атанасијевиќ.

“Имаме тежок распоред и немаме ден за одмор. Сепак, од прв до последен даваме максимум. Доаѓа Фуксе Берлин и пак ќе бидеме на висината на задачата. Тие се одлична екипа, имаат светски ѕвезди и одиме во Берлин да се обидеме да победиме. Тренерот ќе постави тактика во одбраната и нападот и мислам дека ќе одиграме на ниво. Не се откажуваме, играме до последна минута и тоа е карактеристика која нè краси. Никој не може лесно да нè победи. Сите сме мотивирани, нешто посебно игра во нашите тела и нема замар. Одиме чекор по чекор. Прво Фуксе Берлин, па потоа ПСЖ”, – изјави ракометарот на Еурофарм Пелистер, Павле Атанасијевиќ.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *