Ракометарките на Деспина со победа против ракометарките на Ѓорче Петров 2 го стартуваа плеј-аутот во Женската Супер лига, откако триумфираа со резултат 28-25.
Иако Ѓорче Петров 2 го отвори натпреварот со водство, сепак Деспина го презеде водството, па така до крајот на натпреварот обезбеди триумф.
Најефикасна во редовите на Деспина беше Анастасија Јованоска со девет гола, додека кај Ѓорче Петров 2 најефикасна беше Марија Димоска со шест гола.
(фото – ЖРК Деспина)📷