Екипата на Еурофарм Пелистер 2 забележа лесна и убедлива победа против Јехона со конечни 40-24 во 16. коло од Првата лига.
Тимот на Еурофарм Пелистер 2 во текот на целиот натпревар доминираше на теренот, па така заслужено се радуваше на победа против Јехона.
Најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер 2 беше Ненад Белистојаноски со девет гола, додека кај Јехона најефикасен беше Мојсие Тасески со десет гола.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер 2)📷