Екипата на Еурофарм Пелистер на домашен терен ја очекува натпревар против екипата на ПСЖ во 14. коло од Лигата на шампионите.
Од тимот на Еурофарм Пелистер на социјалните мрежи објавија дека сите карти поточно цела сала “Боро Чурлевски” е распродадена за овој натпревар.
Натпреварот меѓу екипите на Еурофарм Пелистер и ПСЖ ќе се одигра на 6 март четврток со почеток од 20:45 часот во салата “Боро Чурлевски”, во Битола.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷