Ракометарот Тимур Дибиров и поранешен ракометар на Вардар го одигра последниот натпревар во Лигата на шампионите.
Левото крило Тимур Дибиров со екипата на Вардар два пати ја освои Лигата на шампионите, но и беше шампион и во Супер лигата, Купот на Македонија и СЕХА лигата.
“Дојде во Вардар, играше, освои се што можеше, и влезе во легендите. Ти благодариме што девет сезони беше дел од клубот и заедно се радувавме на сите успеси. Те чекаме во Скопје и заедно да прославиме. Ќе останеш секогаш нашиот спортски херој”, – објавија од Рк Вардар 1961.

(фото – Рк Вардар 1961)📷