Интервју со спортскиот директор на ГРК Охрид, Славчо Ристески

Продолжуваме со серијата на интервјуа, овој пат направивме интервју со спортскиот директор на ГРК Охрид, Славчо Ристески.

1. ГРК Охрид обезбеди пласман во плеј-офот од Супер лигата какви се целите на клубот на кое место да заврши?

  • ГРК Охрид е во 4те водечки тимови во Супер лигата. Нашата цел за оваа сезона е излез во Европа, а на кое место ќе заврши ќе видиме во плеј-оф натпреварувањето кое ќе биде доста интересно, сите натпревари се играат среда – сабота, кој има поголем ростер тој ќе биде посвеж на теренот, очекувам изненадувања.

2. Тимот на Охрид има добар ростер дали можи да им парира на поголемите тимови во плеј-офот?

  • Ростерот на тимот е одличен, имаме база на македонски играчи дополнети со доста искусни странци, во СРЦ Билјанини Извори на никој нема да му биде лесно.

3. Дали добро се вложува во спортот, ракометот во Македонија?

  • Ракометот е спорт бр. 1 во Македонија, како и во Охрид. Ја имаме најдобрата лига на Балканот.

4. Клубот исто така вложува и во младите категории дали има шанса да се атакува и таму на поголем пласман?

  • Во тој поглед години наназад покажуваме стандардност, нашите тренери одлично работат, имаме одлични деца оваа сезона без пораз во пионерите и одлично 4то место во кадетите, се надевам на Ф4 дека ќе се најдат двете екипи во двете категории.

5. Што ќе изјавиш за крај на интервјуто?

  • Благодарност до МК Ракомет, Ви посакувам успешна работа на Вашиот портал. ГРК Охрид во овие 2 сезони се издигна во топ 4 во Супер лигата, стабилноста на клубот и убавините на градот со добар буџет се предимство за носење добри играчи кои би ни донесле во следните години пехар во нашите клупски витрини. Ви благодарам.

(фото – ГРК Охрид)📷





Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *