Женското ЕП 2026 година ќе се одржи во Полска, Романија, Чешка, Словачка и Турција и ќе учествуваат вкупно 24 репрезентации.
Покрај домаќините, учество на ЕП 2026 година обезбедија и селекциите кои освоија медал на ЕП 2024 година (Норвешка, Данска и Унгарија), а преку квалификациите пласман на ЕП 2026 година ќе обезбедат уште 16 репрезентации.
Ждрепката на квалификациските групи ќе се одржи на 20.03.2025 година во романскиот град Клуж со почеток во 17:00 часот.
Во квалификациите ќе учестуваат 24 репрезентации кои ќе бидат поделени во четири шешири по шест репрезентации. Шеширите се одредени согласно ранкингот тимскиот ранкинг на женската сениорска селекција.
Шешир 1: Франција, Шведска, Холандија, Германија, Црна Гора, Шпанија
Шешир 2: Словенија, Хрватска, Австрија, Швајцарија, Србија, Исланд
Шешир 3: Македонија, Украина, Португалија, Италија, Грција, Косово
Шешир 4: Фарски Острови, Финска, Израел, Босна и Херцеговина, Литванија, Белгија
(фото – РФМ)📷