Екипата на Чаир забележа победа против екипата на Астибо со конечен резултат од 32-27 во плеј-офот од Женската Супер лига.
Тимот на Чаир победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме имаше водство од 19-10.
Најефикасна во редовите на Чаир беше Стефанија Ѓеоргиевска со 12 гола, додека кај Астибо најефикасна беше Марија Анчева со 15 гола.
(фото – ЖРК Чаир)📷