Екипата на Металург Автокоманда забележа победа против екипата на Куманово со резултат 27-20 во плеј-офот од Женската Супер лига.
Тимот на Металург Автокоманда и на полувреме имаше водство од 13-9. Во второто полувреме Металург Автокоманда продолжи со водството, па на крај да слави победа против Куманово.
Најефикасна во редовите на Металург Автокоманда беше Јана Ѓошевска со девет гола, додека кај Куманово најефикасна беше Сузана Зечевиќ со осум гола.
(фото – ЖРК Металург Автокоманда)📷