Екипата на Деспина оствари победа на гостувањето кај екипата на Шампион со високи 40-20 во плеј-аутот од Женската Супер лига.
Тимот на Деспина и на полувреме имаше високо водство од 17-10. Во второто полувреме Деспина продолжи да го зголемува водството, па на крај да триумфира против Шампион.
Најефикасна во редовите на Деспина беше Матеа Христоска со девет гола, додека кај Шампион најефикасна беше Ангела Петровска со осум гола.
(фото – ЖРК Деспина)📷