Тимот на Тиквеш забележа победа на домашен терен против екипата на Фруитленд Борец со 29-24 во 22. коло од Супер лигата.
На полувреме Фруитленд Борец имаше минимално водство од 15-14. Во второто полувреме Тиквеш со добра игра успеа да се врати и на крај да слави против тимот од Велес.
Најефикасен во редовите на Тиквеш беше Димитар Коцев со седум гола, додека кај Фруитленд Борец најефикасен беше Гуедеш со пет гола.
(фото – ГРК Тиквеш 2014)📷