Анџеј Видомски е нов ракометар на Еурофарм Пелистер

Од следната сезона нов член на Еурофарм Пелистер ќе биде полскиот десен бек Анџеј Видомски.

Овој 22-годишен полски интернационалец потпиша двегодишен договор со шампионот на Македонија и ќе му се стави на располагање на новиот клуб од стартот на подготовките во јули 2025 година.

Се работи за ракометар кој доаѓа во Македонија од Гвардиа Ополе во полската Суперлига. Видовски е висок 186 сантиметри, настапува за полската репрезентација и му се претскажува блескава иднина.

Видовски ќе биде официјално претставен на почетокот на подготовките за сезоната 2025/2026.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *