Бутел Скопје сигурен против Металург РА во Купот на Македонија

Екипата на Бутел Скопје обезбеди пласман во наредната фаза од Купот на Македонија, откако славеше победа против екипата на Металург РА со резултат 39-23.

Иако на полувреме беше нерешено со резултат 14-14, сепак во второто полувреме Бутел Скопје со добра игра успеа да го надигра тимот на Металург РА.

Најефикасни во редовите на Бутел Скопје беа Тодор Узунчев и Дамјан Субашевски со по шест гола, додека кај Металург РА најефикасен беше Филип Петровски со 12 гола.

(фото – Рк Бутел Скопје)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *