Екипата на Драчево забележа победа против екипата на Металург РА со резултат 32-27 во 2. коло од плеј-офот од Првата лига.
Иако на полувреме Металург РА имаше водство од 16-14, сепак во второто полувреме Драчево со добра игра успеа да слави победа.
Најефикасен во екипата на Драчево беше Филип Дабевски со седум гола, додека кај екипата на Металург РА најефикасен беше Филип Петровски со осум гола.
(фото – Рк Драчево)📷