Ракометарите на Радовиш забележаа победа на тешкото гостување кај екипата на Прилеп со 28-26 во плеј-аутот од Супер лигата.
На полувреме Прилеп имаше предност од 14-13. Во второто полувреме беше изедначено, но сепак на крај Радовиш славеше против Прилеп.
Најефикасен во редовите на Радовиш беше Лазар Адамовиќ со 11 гола, додека кај екипата на Прилеп најефикасен беше Денис Шабановиќ со 7 гола.
(фото – Рк Радовиш)📷