Екипата на Партизан Гевгелија оствари победа на гостувањето кај екипата н Аеродром со резултат 41-34 во плеј-аутот од Првата лига.
Составот на Партизан Гевгелија и на полувреме имаше водство од 23-17. Во второто полувреме Партизан Гевгелија продолжи со предноста и на крај да забележи победа против Аеродром.
Најефикасен во редовите на Партизан Гевгелија беше Горан Лисичков со 11 погодоци, додека кај Аеродром најефикасни беа Андреј Ниновски, Владимир Наумоски и Димитар Босилковски со по 7 погодоци.
(фото – Рк Партизан Гевгелија)📷