Екипата на Алкалоид забележа победа против екипата на Рунар Сандефјорд со резултат 42-37 во првиот натпревар од полуфиналето од Европскиот Куп.
Составот на Алкалоид на полувреме имаше минимална предност од 21-20. Во второто полувреме гостите успеаја да го имаат водството, но Алкалоид се врати, па на крај да слави победа против Рунар Сандефјорд.
Најефикасни во редовите на Алкалоид беа Мартин Серафимов со десет гола, додека Иван Џонов имаше седум гола.

(фото – Рк Алкалоид)📷