Екипата на Вардар забележа победа на гостувањето кај екипата на Астибо со конечни 33-29 во плеј-офот од Женската Супер лига.
Составот на Вардар и на полувреме имаше водство од 18-16. Во второто полувреме продолжи добрата игра на Вардар, па на крај да го совлада Астибо.
Најефикасна во редовите на Вардар беше Марија Голабоска со седум гола, додека кај Астибо најефикасна беше Марија Анчева со 14 гола.
(фото – ЖРК Вардар)📷