Екипата на Младост Богданци забележа висока победа против екипата на Јехона со убедливи 39-29 во плеј-офот од Првата лига.
Иако на полувреме беше нерешено со резултат 17-17, сепак во второто полувреме со добра игра Младост Богданци стигна до победа против Јехона.
Најефикасен во редовите на Младост Богданци беше Антонио Николоски со 12 погодоци, додека кај Јехона најефикасни беа Бојан Давидоски и Адис Салиу со по 7 погодоци.
(фото – Рк Младост 1977 Богданци)📷