Познати паровите за Ф4 турнирот за кадетска лига во машка конкуренција, а познат е и домаќинот на овој турнир

Познати се полуфиналните парови за Ф4 турнирот во кадетска машка конкуренција, а познат е и домаќинот на овој турнир.

Екипата на Мулти Есенс и салата “Автокоманда” ќе бидат домаќини на Ф4 турнирот за кадети.

Во првото полуфинале ќе играат екипите на Тинекс Пролет и Струга, додека во второто полуфинале ќе играат екипите на Еурофарм Пелистер и Мулти Есенс.

Првото полуфинале е закажано во 11:00 часот, а второто полуфинале е закажано во 13:00 часот, а натпреварите за третото место и финалето се од 17:00 и 19:00 часот. Ф4 турнирот ќе се одигра на 10 мај во салата “Автокоманда”, во Скопје.

(фото – Рк Мулти Есенс)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *