Екипата на Младост Богданци забележа висока и убедлива победа против тимот на Овче Поле со 42-19 во плеј-офот од Првата лига.
Составот на Младост Богданци од почетокот на натпреварот имаше високо водство, па на крај да триумфира против Овче Поле.
Најефикасен во редовите на Младост Богданци беше Ѓорѓе Атанасов со 15 гола, додека кај Овче Поле најефикасен беше Стојанче Ристов со 4 гола.
(фото – Рк Младост 1977 Богданци)📷