Екипата на Вардар забележа победа против екипата на Бутел Скопје со конечни 37-30 во плеј-офот од Супер лигата.
Составот на Вардар од почетокот на натпреварот имаше контрола на резултатот, па на крај да слави победа против Бутел Скопје.
Најефикасен во редовите на Вардар беше Дмитро Горига со седум гола, додека кај Бутел Скопје најефикасен беше Дамјан Субашевски со шест гола.
(фото – Рк Вардар 1961)📷