Екипата на Вардар забележа победа против екипата на Астибо со конечни 49-27 во плеј-офот од Женската Супер лига.
Ракометарките на Вардар немаа проблеми околу победата против Астибо, затоа што во текот на целиот натпревар го имаа водството.
Најефикасна во редовите на Вардар беше Леона Миленкоска со девет гола, додека кај екипата на Астибо најефикасни беа Елена Вучевска и Марија Анчева со по десет гола.
(фото – ЖРК Вардар)📷