Екипата на Еурофарм Пелистер славеше победа на домашен терен против тимот на Охрид со 34-30 во 7. коло од плеј-офот од Супер лигата.
Иако тимот на Охрид добро парираше на натпреварот, сепак на крај Еурофарм Пелистер ги освои бодовите.
Најефикасен кај екипата на Еурофарм Пелистер беше Филип Кузмановски со девет гола, додека кај Охрид најефикасен беше Никола Јукиќ со седум гола.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷