Екипата на Ѓорче Петров е шампион во пионерската лига во женска конкуренција, откако во финалето ја совлада екипата на Металург со резултат 30-19.
Во натпреварот за трето место, односно за бронзата тимот на Астибо беше подобар од тимот на Струга со 20-18.
Ѓорче Петров во полуфиналето славеше победа против Струга со конечни 18-13, додека Металург во полуфиналето триумфираше против Астибо со 21-19.

(фото – ЖРК Ѓорче Петров)📷