Екипата на Алкалоид е во исчекување на финалниот реванш во Европскиот Куп на ЕХФ против АЕК Атина во Скопје.
Непосредно пред историскиот меч за клубот кој ќе се игра пред полни трибини, обраќање имаше претседателот на клубот Горан Минов, кој испрати порака до публиката и искажа јавна благодарност за поддршката.
„Упатуваме благодарност и искрен апел до нашите поддржувачи – да jа покажеме љубовта кон македонскиот ракомет и кон ракометниот клуб Алкалоид со фер и спортско навивање. Да навиваме со срце, да бодриме со почит и да покажеме дека вистинските навивачи се дел од фер-плејот на теренот. Пред нас имаме уште 60 минути тежок и голем предизвик. Публиката како никогаш до сега имаме потреба да не бодри. Да бидеме пример за спортска култура кон нашиот тим, гостите и претставниците на европската куќа на ракометот, затоа што спортот не е само борба за победа, туку и празник на почитта“, – изјави претседателот на Рк Алкалоид, Горан Минов.
(фото – Рк Алкалоид)📷