Пионерите на Охрид на прием кај градоначалникот Кирил Пецаков (ФОТО)

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, приреди прием за пионерите на ГРК Охрид кои станаа шампиони на Македонија.

Нивниот успех е дотолку поголем бидејќи до трофејот во пионерската лига беа подобри од врсниците од Еурофарм Пелистер, Вардар и Алкалоид и го освоија првиот пехар во историјата на ГРК Охрид.

“Шампиони на Македонија се: Николоски П., Николоски Л., Спироски, Колески, Латкоски, Трајчески, Станковски, Пројкоски, Атанасковски, Силјаноски, Митаноски, Шикалески, Петрески, Ристоски, Јованоски, Којчиноски, предводени од тренерот Наум Бабачев”, – објавија од ГРК Охрид.

(фото – ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *