Селекторот на машката младинска репрезентација, Радослав Стојановиќ го објавува списокот на повикани ракометари за претстојното СП 2025 година за младинци.
На списокот повикани се 20 ракометари. Младинската машка репрезентација е дел од групата Ф заедно со селекциите на Исланд, Фарски Острови и Романија, а натпреварите ќе се играат во Катовице (Полска).
Собирот ќе се одржи на 08.06.2025 година во 12:00 часот пред РФМ, а потоа ракометарите продолжуваат за Маврово каде ќе се одржат последните подготовки за СП 2025 година.

(фото – РФМ)📷