Екипата на Алкалоид на социјалните мрежи соопшти дека ќе ги рефундира билетите на навивачите за натпреварот со АЕК Атина кој не се одигра.
“Почитувана публико,
Уште еднаш ја изразуваме нашата БЛАГОДАРНОСТ што ни дадовте безрезервна поддршка и што во голем број дојдовте во СЦ „Борис Трајковски“ на финалниот меч од Европската лига на ЕХФ. Жалиме што натпреварот не се одигра затоа што гостинскиот состав не сакаше да излезе на теренот и спортски да се бори за пехарот од ова натпреварување.
Вашите билети купени онлајн ќе бидат рефундирани во период од 15 работни дена. Средствата ќе ги добиете директно на вашата сметка преку која сте ги купиле билетите. Билетите што се купени од продажно место ќе можат да бидат рефундирани од местото на купување со приложување на соодветната фискална сметка и на билетот.
Уште еднаш ви се заблагодаруваме за континуираната поддршка и трпение. Се надеваме дека заедно ќе славиме нови успеси во иднина”, – напишаа на социјалните мрежи од Рк Алкалоид.

(фото – Рк Алкалоид)📷