Екипата на Овче Поле Славјански Универзитет забележа висока победа против екипата на Шампион со конечни 41-20 во плеј-аутот од Женската Супер лига.
Составот на Овче Поле Славјански Универзитет победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме имаше високи 19-8.
Најефикасна во редовите на Овче Поле Славјански Универзитет беше Нина Крстева со осум гола, додека кај Шампион најефикасна беше Марија Бојковска со 14 гола.
(фото – ЖРК Овче Поле Славјански Универзитет)📷