Ракометарите на Партизан Гевгелија забележаа висока победа против ракометарите на Аеродром со убедлив 42-26 во плеј-аутот од Првата лига.
Составот на Партизан Гевгелија победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме имаше високи 20-12.
Најефикасни во редовите на Партизан Гевгелија беа Марјан Радински, Мартин Ашовалиев и Милан Савов со по седум гола, додека кај Аеродром најефикасен беше Александар Симоновски со пет гола.
(фото – Рк Партизан Гевгелија)📷