Селекторот на женската кадетска репрезентација, Даниела Новеска го објавува поширокиот список на ракометарки за претстојниот Европски Олимписки Младински Фестивал Скопје 2025 и ЕП 2025 година.
На списокот повикани се 35 ракометарки. На претстојниот Европски Олимписки Младински Фестивал Скопје 2025 кое се одржува во период од 21.07.2025 година до 26.07.2025, нашата кадетска женска селекција е дел од групата Б заедно со селекциите Швајцарија, Норвешка и Исланд, а своите натпревари ќе ги играат во СЦ Јане Сандански.
На ЕП 2025 година кадетска женска селекција на Македонија е дел од групата Б заедно со селекциите на Германија, Португалија и Словачка. Кадетското ЕП 2025 година ќе се одржи во Црна Гора во Подгорица во период од 30.07.2025 година до 10.08.2025 година.
(фото – РФМ)📷










