Звонко Шундовски: Ф4 во Купот претставува едно натпреварување кое буди посебни емоции

Екипата на Еурофарм Пелистер ја очекува натпревар против екипата на Охрид, која е домаќин на Ф4 турнирот во Купот на Македонија.

Претставникот на Еурофарм Пелистер, Звонко Шундовски изјави дека битолскиот тим ќе се обиде да го освои трофејот во Купот на Македонија.

“Ф4 во Купот претставува едно натпреварување кое буди посебни емоции. Сите го посакуваат во своите витрини, Еурофарм Пелистер долги години го нема освоено овој куп и доаѓаме со амбиции да го вратиме кај нас. Купот ни прередувал изненадување. Мислам дека и сега ќе биде така. Знаеме дека тука не победуваат фаворити, и затоа се подготвуваме посветено и максимално. Ако се пласираме, а убеден сум дека ќе се пласираме после 20 години да го вратиме трофејот”, – изјави Звонко Шундовски од Еурофарм Пелистер.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *