Анастасија Трпеска се врати во Ѓорче Петров

Екипата на Ѓорче Петров, која го освои Купот на Македонија и стана шампион во Женската Супер лига го промовираше првото засилување за новата сезона.

Станува збор за Анастасија Трпеска, младинска репрезентативка, која после две сезони минати во Металург Автокоманда, се враќа во Ѓорче Петров, каде што ги играше младите категории.

Трпеска со своите 19 години игра на позицијата пивот и е дел од поширокиот список кај селекторот Симовски, за подготвките за настап на младинското Европско Првенство.

(фото – ЖРК Ѓорче Петров)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *