Екипата на Струга до крајот на сезоната во Супер лигата останува без многу важен ракометар, а тоа е Филип Талевски.
Ракометарот Филип Талевски се здоби со повреда, каде ги скина лигаментите и го чека процес на рехабилитација.
“Поради повреда на лигаментите, денес успешно беше опериран нашиот ракометар Филип Талевски, по што следи процес на рехабилитација. Филип ти посакуваме брзо опоравување, да се вратиш посилен”, – објавија од Рк Струга.

(фото – Рк Струга)📷