Петра Јершек е нова ракометарка на Металург Автокоманда

Перспективниот хрватски бек Петра Јершек ќе биде дел од ЖРК Металург Автокоманда во новата сезона 2025/26.

Родена во 2000 година, Јершек важи за еден од најталентираните ракометари на својата позиција, а со своето искуство и квалитети се очекува да даде значителен придонес во тимот на Металург Автокоманда.

Со нејзиното доаѓање, клубот го зајакнува бековскиот ред и испраќа јасна порака за амбициите во домашното првенство и настапите на европска сцена.

(фото – ЖРК Металург Автокоманда)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *