Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) ги делегираше судиите и делегатите за бараж натпреварот меѓу Струга и Мулти Есенс.
Овој натпревар ќе го судат Виктор Начевски и Даниело Божиновски, додека делегати ќе бидат Војо Христовски и Љупчо Јаневски.
Натпреварот меѓу екипите на Струга и Мулти Есенс ќе се одигра на 12 јуни во четврток во Прилеп, во салата “Ристе Ристески – Ричко”, со почеток од 18:00 часот.
(фото – Архива)📷