Со завршна церемонија за акционерите и спонзорите на клубот, шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер ја заврши сезоната 2024/25.
Во пријатен амбиент и пред трофеите освоени оваа сезона, на присутните им се обрати претседателот Зоран Стерјев и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски. Потоа тренерот Раул Алонсо и капитенот Филип Кузмановски ги сумираа резултатите.
Тренерот Александар Зарков и директорот Горан Петровски ја заокружија славеничката сезона на Еурофарм Пелистер 2, кој по една година се враќа во Супер лигата како шампион во Првата лига.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷