Бојан Блажески е нов голман на Охрид

Екипата на Охрид, која има високи амбиции за следната сезона во Супер лигата се засили со нов ракометар.

Станува збор за ракометарот Бојан Блажески, кој настапува на голманската позиција и доаѓа од редовите на Бутел Скопје.

28 годишниот голман стави потпис со “Гладијаторите” на миниум 2 години. Блажески доаѓа по 8 години поминати во тимот на Бутел Скопје со кој три сезони играше во Европските Купови, а беше и дел од кадетската и младинската репрезентација на Македонија.

(фото – ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *