Екипата на Еурофарм Пелистер го имаше првото учество на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите за младинци и испиша историја со самото учество на овој турнир.
Ракометарот на Еурофарм Пелистер, Алем Хаџиќ е најдобар стрелец за сезоната 2024/2025 во младинската Лига на шампиони.
“Алем е најдобриот стрелец и еден од најдобрите играчи во првата сезона во ЕХФ Лигата на шампиони за млади и со тоа во светот, и уше еднаш докажа зошто е член на нашиот сениорски тим, а ние сме среќни и горди што имаме еден таков бисер во нашата клубска фамилија”, – објавија од Рк Еурофарм Пелистер.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷