Екипата на Тиквеш, која има високи амбиции за следната сезона во Супер лигата ќе има нов изменет лик во ростерот.
Од екипата на Тиквеш си заминаа 11 ракометари, а тоа се ракометарите: Ани Обина, Евгениј Темелкоски, Кристијан Анастасовски, Даниел Андоновски, Славчо Шулески, Јован Даневски, Дарио Кофилоски, Игор Арсиќ, Игор Кривокапиќ и Спасоје Гачевиќ.
Ракометарот Борче Соколов ја одигра последната сезона во својата ракометна кариера. Тренерот Кристијан Грчевски ќе го предводи клубот и во наредната сезона.
(фото – ГРК Тиквеш 2014)📷